НАШ РОДЕНДЕН, ВАША ПРОСЛАВА!

Live at Diamond Theatre, 10 August , 12:30

Согласно член 137 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.148/2026, Друштвото за градежништво, трговија и услуги Лимак ДОО Скопје со седиште на ул. „ Железничка бр. 31, 1000 Скопје, со ЕДБ: МК4080013535831 и ЕМБС: 6859127, на ден 14.07.2026 година ги донесе следниве:ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА „ “НАШ РОДЕНДЕН, ВАША ПРОСЛАВА! “ Приредувач на наградната игра Член 1 Приредувач на наградната игра „” е Друштвото за градежништво, трговија и услуги Лимак ДОО Скопје, со седиште на ул. „Железничка бр.31” , 1000 Скопје, со ЕДБ: МК4080013535831 и ЕМБС: 6859127, сопственик на Трговскиот центар Дајмонд Мол Скопје (во понатамошниот текст: „Приредувачот”). Име на наградната игра Член 2 Официјалното име на наградната игра е “НАШ РОДЕНДЕН, ВАША ПРОСЛАВА! “ Цел на наградната игра Член 3 Целта на оваа наградна игра е рекламирање на Трговскиот центар Дајмонд Мол Скопје (во понатамошниот текст: „Дајмонд Мол Скопје“), односно рекламирање на услугите на Приредувачот на изнајмување на деловен простор во Дајмонд Мол Скопје, како и рекламирање на асортиманот на производи и услуги што ги нудат продавниците во Дајмонд Мол Скопје. Територија Член 4 Наградната игра ќе се организира и ќе се спроведува во просториите на Дајмонд Мол Скопје. Времетраење на наградната игра Член 5 Наградната игра ќе започне на 14.08.2026 година во 10:00 часот и ќе трае до 21.10.2026 година до 20:00 часот Право на учество Член 6 Право на учество во наградната игра имаат сите физички лица со навршени 18 години возраст, кои се жители на Р. С. Македонија, односно имаат живеалиште или престојувалиште во Р. С. Македонија и валиден документ за идентификација издаден од Р. С. Македонија, кои ги прифаќаат овие Правила и кои за времетраењето на наградната игра ќе купат производи и/или услуги во вредност над 1.000,00 денари од која било продавница во трговскиот центар Дајмонд Мол Скопје и уредно ќе пополнат и поднесат до Приредувачот купон за учество во наградната игра. По исклучок, вработените кај Приредувачот, вработените во Дајмонд Мол Скопје, вработените во продавниците во Дајмонд Мол Скопје, како и нивното потесно семејство, немаат право на учество во наградната игра. Начин на учество во наградната игра Член 7 За да може да учествува во наградната игра, купувачот треба да купи производи и/или услуги во вредност над 1.000,00 денари од која било продавница во трговскиот центар Дајмонд Мол Скопје за времетраењето на наградната игра. Информации за продавниците кои се наоѓаат во трговскиот центар Дајмонд Мол Скопје ќе јавно објавени на интернет страната на Приредувачот на https://diamondmall.mk/en/home . Купувања направени во продавници кои не се во трговскиот центар Дајмонд Мол Скопје, дури и ако се од истиот ланец на продавници како продавници во трговскиот центар Дајмонд Мол Скопје, нема да бидат земени предвид и не даваат право за учество во оваа наградна игра. Купувачот има право да добие по еден купон за учество во наградната игра, за секое купување во вредност која одговара на 1.000,00 денари. Така, на пример, за купување во вредност од 3.100 денари, купувачот ќе има право да добие три купона за учество во наградната игра. Вредноста на купувањето се докажува преку оригинална фискална сметка издадена од продавница во Дајмонд Мол Скопје. Притоа, за да може да учествува во наградната игра, купувачот може да приложи една оригинална фискална сметка издадена од продавница во Дајмонд Мол Скопје која ги ја надминува вредноста над 1000 денари, или да приложи две или повеќе оригинални фискални сметки издадени од една или повеќе продавници во Дајмонд Мол Скопје чии износи збирно ја надминува вредноста над 1000 денари . Доколку купувањето е извршено со било која платежна картичка издадена од Халк Банка АД Скопје, бројот на купони на кои купувачот има право врз основа на тоа купување се удвојува. На пример, доколку потрошувачот има сметка од над 1000 денари направена со платежна картичка од Халк Банка наместо еден купон за учество на наградната игра се здобива со два. Исполнувањето на условот за користење на платежна картичка издадена од Халк Банка АД Скопје ќе се утврдува врз основа на увид во слипот од картичната трансакција, при што како доказ ќе служат последните четири цифри од бројот на платежната картичка наведени на слипот. Приредувачот има право да изврши споредба на податоците од слипот со приложената фискална сметка, заради потврдување на исполнетоста на условите за удвојување на бројот на купони. Вредноста на купувањето се докажува преку оригинална фискална сметка издадена од продавница во Дајмонд Мол Скопје Еден купувач може да учествува во наградната игра со неограничен број на купони односно фискални сметки доколку ги исполнува условите наведени во овие правила. Купувачот може да добие купон за учество во наградната игра од информативниот пулт во трговскиот центар Дајмонд Мол Скопје. Купувачот што сака да учествува во наградната игра е должен уредно да го пополни купонот со потребните податоци како што се: име и презиме, адреса на живеење, телефонски број, адреса на електронска пошта и број(еви) на фискална(и) сметка(и) и датум на фискалната сметка. Купувачот го остава само уредно пополнетиот купон во садот за собирање на купони за наградната игра поставен промотивниот пулт за наградната игра во трговскиот центар Дајмонд мол Скопје. За целото времетраење на наградната игра, сите купони ќе се чуваат во поставен сад на промотивниот пулт за наградната игра во трговскиот центар Дајмонд мол Скопје. Купувачот треба да ја задржи оригиналната фискална сметка и да ја чува истата, неоштетена, до крајот на наградната игра, се до објавувањето на добитниците и подигнување на наградите. Учесникот кој ќе биде извлечен за добитник е должен да му ја приложи на Приредувачот оригиналната фискална сметка чиј број е наведен во купонот за да може да ја подигне наградата. Со поднесувањето на купонот, купувачот потврдува дека ги прочитал и ги разбрал овие Правила на наградната игра “НАШ РОДЕНДЕН, ВАША ПРОСЛАВА! “и дека се согласува и ги прифаќа со овие Правила на наградната игра “НАШ РОДЕНДЕН, ВАША ПРОСЛАВА! “како и неговите права и обврски коишто произлегуваат од истите. Лицата кои поднеле купон за учество во наградната игра а кои немаат право на учество во истата, затоа што не исполнуваат кој било услов од член 7 од овие Правила, се дисквалификувани и немаат право да ја добијат наградата дури и да бидат извлечени како добитници. Приредувачот го задржува правото да ги одбие сите фискални сметки кои се стекнати на по нелегален пат, како и сите оние фискални сметки кои се копирани, репродуцирани, дуплирани, фиктивни, оштетени или модифицирани на било кој друг начин. Приредувачот го задржува правото да ги дисквалификува учесниците кои не се согласуваат со овие Правила или кои дејствуваат спротивно на целите на наградната игра уредени во овие Правила. Награден фонд Член 8 Вкупниот награден фонд на наградната игра „Наш роденден, Наша прослава “ изнесува 1.875.000 денари. Вредноста на наградите е со пресметан 18% ДДВ, каде што е применливо. Како главна награда која ќе се доделува во извлекувањето е возило GEELY CITYRAY во износ од 1.545.000 денари (со пресметан ДДВ). Покрај главната награда предвидени се четири споредни награди и тоа: • Два ваучери за пазарување во Дајмонд мол Скопје во вредност од 50.000,00 денари; • Четири ваучери за пазарување во Дајмонд мол Скопје во вредност од 25.000,00 денари; и • Осум ваучери за пазарување во Дајмонд мол Скопје во вредност од 10.000,00 денари.Десет ваучери за пазарување во Дајмонд мол во цредност од 5.000 денари. Вкупен фонд на награди: Име и тип на награда Количина Целосна цена на наградата Возило тип GEELY CITYRAY 1 1.545.000 денари Ваучери за пазарувањево износ од 50.000,00 денари 2 100.000,00 денари Ваучери за пазарување во износ од 25.000,00 денари 4 100.000,00 денари Ваучери за пазарување во износ од 10.000,00 денари 8 80.000,00 денари Ваучери за пазарување во износ од 5.000 денари 10 50.000 денари Вкупен износ на награден фонд 1.875.000 денари. Начин на извлекување на добитниците на наградите Член 9 Приредувачот формира Комисија за спроведување на наградата игра, која ќе биде составена од три члена кои се вработени кај Приредувачот Дајмонд мол Скопје и која ќе го следи спроведувањето на наградната игра и извлекувањето на добитниците, како и доделувањето на наградите. Извлекувањето на сите награди предвидени во член 8 од овие Правила на наградната игра “НАШ РОДЕНДЕН, ВАША ПРОСЛАВА! “ќе се изврши на 21.10.2026 година во 21:30 часот, во просториите на Дајмонд Мол Скопје. Извлекувањето на добитниците се врши преку рачно извлекување на соодветен број на купони од садот за собирање на купони за учество во наградата игра кој одговара на бројот на награди што се доделуваат со оваа наградна игра. Притоа, за секоја награда од оваа наградна игра, Приредувачот ќе обезбеди и два резервни добитника преку извлекување на дополнителни два купона за секоја награда од оваа наградна игра. Доколку е утврдено дека извлечениот купон треба да се дисквалификува поради неусогласеност со овие Правила (на пример, затоа што на купонот не е наведен податок за име и презиме на учесникот или не е наведен број на фискална сметка , или затоа што учесникот наведен во купонот е со адреса надвор од Р. С. Македонија), Комисија за спроведување на наградата игра, откако ќе ја утврди таквата неусогласеност, ќе го дисквалификува купонот и ќе се земе во предвид резервниот добитник . Извлекувањето на купоните од садот за собирање купони ќе го изврши лице определено од Комисија за спроведување на наградата игра, на јавен и транспарентен начин, додека презентер определен од Приредувачот ќе ги прочита името и презимето на добитниците како и градот во кој имаат адреса на живеење. Комисијата за спроведување на наградата игра води записник за извлекувањето на добитниците во кој ќе ги запише името и презимето на добитниците како и градот во кој имаат адреса на живеење и ги чува извлечените купони. Објава на добитници Член 10 Приредувачот ќе ги објави податоците за извлечените добитници (како, име, презиме и број на фискална сметка ), на своите канали на социјалните мрежи Facebook и Instagram (Diamond Mall Skopje) како и на интернет страницата на Приредувачот на https://diamondmall.mk во рок од три дена од денот на извлекувањето. Дополнително, Комисијата за спроведување на наградата игра ќе обезбеди добитниците да бидат известени за нивното извлекување во рок од 3 дена од извлекувањето преку јавување на телефонскиот број наведен во извлечениот купон и/или преку испраќање на порака на телефонскиот број и/или адресата на електронска пошта наведени во извлечениот купон. Исплата и подигнување на наградите Член 11 Преземањето на главната награда и подигнувањето на ваучерите за пазарување ќе се изврши во рок од 15 дена од денот на објавувањето на добитниците. Наградите се подигнуваат од информативниот пулт во склоп на Дајмонд Мол Скопје кој се наоѓа на адреса ул. „Св. Кирил и Методиј” бр.9, 1000 Скопје. Добитникот на наградата е должен да ја подигне наградата лично. Добитникот на наградата при подигање на наградата треба да приложи валиден документ за идентификација и да ја приложи оригиналната фискална сметка чиј број е наведен во извлечениот купон за учество во наградната игра. Добитникот на парична награда исто така треба да обезбеди и податоци за негова платежна сметка. Бројот на приложената фискална сметка треба да биде идентичен со бројот на фискалната сметка запишан на извлечениот купон за учество во наградната игра. Приредувачот ја задржува оригиналната фискална сметка. Предавањето на главната награда ќе се изврши пред надлежен нотар, за што нотарот може да побара и дополнителни информации или документи. Извлечениот добитник може да се пријави и на информативниот пулт во Дајмонд Мол Скопје за да ја подигне наградата во рамките на определениот рок од овој член. Доколку добитникот не се јави во наведениот рок за да ја подигне наградата, или доколку дополнителни се утврди дека добитникот односно неговиот купон за учество треба да се дисквалификува поради неусогласеност со овие Правила, или доколку добитникот не може да ја приложи оригиналната фискална сметка чиј број е наведен во купонот за учество во наградната игра, истиот го губи правото да ја добие наградата. Во овој случај, наградата се пренесува на резервниот добитник. Доколку сите резервни добитници за определена награда исто така го изгубат правото да ја добијат наградата, Приредувачот го задржува правото на сопственост на таквата награда. Запознавање на јавноста со правилата на наградната игра Член 12 Овие Правила за наградната игра ‘ Наш Роденден, Ваша Прослава ‘ по добивање на дозвола од Министерството за финансии, а пред започнување на наградната игра, ќе бидат објавени на официјалната веб страна на Приредувачот – www.diamondmall.mk. Наградната игра ќе биде промовирана и со медиумска кампања преку радио, билборди, електронски портали, социјални мрежи, како и на интернет страната на Приредувачот. Со поднесувањето на купонот, купувачот потврдува дека ги прочитал и ги разбрал овие Правила на наградната игра “Наш Роденден, Ваша Прослава и дека се согласува и ги прифаќа со овие Правила на наградната игра „ Наш Роденден, Ваша Прослава “ како и неговите права и обврски коишто произлегуваат од истите. Замена на награди Член 13 Количината на наградите од наградната игра е ограничена и нема да бидат доделени повеќе награди од оние што се претходно определени. Замена на наградите со други награди, со парична или друга противвредност не е дозволена. Приредувачот не се обврзува да понуди друг тип на награда во истата вредност на планираните награди. Учесниците во наградната игра немаат право да бараат награди во поголема вредност или од различен вид од назначените во овие Правилата. Приредувачот не подлежи на никаква одговорност доколку купувачот доцни со поднесувањето на купонот за учество или доколку купувачот не добил од која било причина оригинална фискална сметка или ја изгубил оригиналната фискална сметка, или доколку купувачот навел неточни, неажурирани, нецелосни или нечитки или неуредно напишани податоци на купонот на учество што го поднел. Приговори Член 14 Секој незадоволен учесник има право писмено да поднесе приговор до Приредувачот во врска со организацијата на оваа наградна игра Приредувачот ќе подготви писмен одговор на приговорот во рок од 10 дена од денот на прием на приговорот. Приговорите се сметаат за навремено поднесени доколку се достават најдоцна во рок од 3 дена од утврдување на причината поради која се приговара, но не подоцна од 3 работни дена по завршувањето на наградната игра. Одговорност Член 15 Со поднесувањето на купонот за учество во оваа наградна игра, учесникот во оваа наградна игра потврдува дека ги разбира правилата и условите на наградната игра и се согласува дека учествува во наградната игра по своја сопствена волја. Приредувачот не гарантира дека учесникот ќе добие награда доколку учествува со поголем број на купони, односно фискални сметки. Приредувачот не одговара за евентуални штети причинети во текот или во врска со учеството во наградната игра. Приредувачот не подлежи на одговорност доколку наградата не може да биде доделена или искористена поради неможност на добитникот да ја подигне наградата во определениот рок за подигнување на наградите, доколку настапат околности предизвикани од виша сила, доколку влезат во сила нормативни или законски ограничувања кои го спречуваат да ја додели наградата или доколку настапат други околности предвидени со закон. Обработка на лични податоци Член 16 Приредувачот е контролор на личните податоци кои учесниците ги доставуваат заради учество во наградата игра, како и на личните податоци на добитниците на наградите. Приредувачот се обврзува да ги заштити и обработува личните податоци фер и транспарентно, во согласност со правилата за приватност на податоците, вклучително и Законот за заштита на личните податоци што е во сила во Република Северна Македонија. Приредувачот собира од учесниците во наградната игра податоци кои се наведени во купонот за учество во истата (како што се: име, презиме, адреса на живеење, адреса на електронска пошта, телефонски број), врз основа на неговиот легитимен интерес да ја организира наградната игра и да ги спроведе овие Правила, законската обврска да ги спроведе овие Правила како што се одобрени од страна на Министерството за финансии, како и легитимниот интерес на учесникот да учествува во наградната игра. Приредувачот собира од добитниците на наградите и дополнителни податоци, вклучително матичен број и број на платежна сметка во платежна институција, за да може да ги исполни своите законски обврски за спроведување на овие Правила, идентификување и контактирање на добитниците, вршење на исплатата на паричните награди, односно пренос на главната награда, подмирување на даночни обврски во врска со доделувањето на наградите, односно заради реализација на договорот на доделување на наградите на добитниците согласно овие Правила. Без да ги собере овие лични податоци, Приредувачот не ќе може да ги исполни споменатите цели. Приредувачот ги чува личните податоци за времетраењето на наградната игра и три месеци по завршување на наградната игра. Податоците за добитниците за наградата се чуваат согласно даночните прописи пет години по завршување на наградната игра. По истекот на рокот, податоците се бришат согласно применливите прописи, освен ако со закон е определено да се чуваат подолго. Приредувачот применува соодветни технички и организациски мерки за да ги заштити личните податоци од случајно или незаконско уништување, губење, менување, неовластено откривање на личните податоци или неовластен пристап до пренесените, зачуваните или на друг начин обработени лични податоци. При обработката на личните податоци, Приредувачот не применува автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи го и профилирањето, и не врши пренос на истите надвор од земјата. Приредувачот не ги открива личните податоци за учесниците во играта на трети лица, освен ако поинаку не се бара со закон. Приредувачот може да открие лични податоци за добитниците на свои вработени, на трети лица даватели на услуги, односно вршители на работи (вклучително правни советници, сметководители) како и на надлежниот даночен орган, односно надлежен нотар, а може да ги открие и на други надлежни органи доколку тоа се бара согласно закон. Во врска со собирањето, обработката и чувањето на личните податоци, учесниците во наградната игра и добитниците на награди имаат право да побараат од Приредувачот пристап до, исправка или бришење на нивните лични податоци, ограничување на обработката, право на приговор за обработка и/или остварување на правото на преносливост на податоците како и на правото да не биде предмет на одлука заснована исклучиво на автоматизирана обработка под условите предвидени во Законот за заштита на личните податоци. Исто така, учесниците во наградната игра и добитниците на награди имаат право да поднесат барање за правата за заштита на лични податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија. За секакви прашања поврзани со приватноста на лични податоци, вклучително и за остварување на правата, учесниците во наградната игра и добитниците на награди можат да го контактират Приредувачот преку следната адреса на електронска пошта: diamond@diamondofskopje.com. Даночни обврски Член 17 Приредувачот ги подмирува даночните обврски за доделување на наградите од оваа наградна игра кои произлегуваат за добитниците на наградите, во име и за сметка на добитникот. Откажување на наградната игра Член 18 По добивање на дозволата од Министерство за финансии, наградната игра може да се откаже од страна на Приредувачот во која било фаза, во случај на виша сила, како и во ситуација кога не постои можност Приредувачот да има независност во спроведување на наградната игра со примена на член 10 од Законот за игри на среќа и забавните игри. Во случај на откажување на наградната игра, Приредувачот навремено ќе ги информира купувачите за откажувањето, за причините поради кои се откажува наградната игра, како и за датумот на откажувањето со објавување на веб страната на Дајмонд Мол Скопје , како и на неговите канали на социјалните мрежи Facebook и Instagram (Diamond Mall Skopje). Решавање на спорови Член 19 Секое несогласување помеѓу Приредувачот и учесниците во наградната игра ќе се решава спогодбено, а во случај на спор, за истиот ќе решава надлежен суд во Скопје, а во согласност со важечките закони во Република Северна Македонија. Важност на правилата на Наградната игра Член 20 Овие Правила ќе започнат да се применуваат откако Министерството за финансии ќе даде согласнот за приредување на наградата игра и истите ќе важат до завршување на истата. Приредувач на наградната игра: Лимак ДОО Скопје

12:30 - 23:30

About the cookies used on this site

We use cookies to collect and analyze information about site performance and usage, provide social media features, and improve and customize content and advertising. Learn more

ALLOW COOKIES COOKIE SETTINGS