Магијата на празниците во Светот на Дедо Мраз
Овие новогодишни празници, со богатата програма и новогодишни содржини, Дајмонд мол е највозбудливото место за најмладите. Почнувајќи од 11 декември 2024 година до 11 јануари 2025 година, во трговскиот центар ќе може да се посети Светот на Дедо Мраз, кој изобилува со различни интересни активности и изненадувања.
Во текот на викендите во предновогодишниот период, се одржуваат работилници за изработка на лампиони, ѕвончиња, торбички и други креативни предмети, како и работилница на која децата ќе можат да му ги напишат своите новогодишни желби на Дедо Мраз. Работилниците се организираат од 12.00 до 15.00 часот и се наменети за деца од различни возрасти, додека од 11.00 до 12.00 часот децата ќе можат да учествуваат во специјален настан и преку апликација да покажат дали биле послушни во текот на годината.
Тука е и магичното огледало, кое произведува фотографии со празнична позадина и ќе функционира секој викенд од 11 до 31 декември, од 17.00 до 20.00 часот.
Новогодишното вовче кое кружи низ трговскиот центар е достапно за посетителите секој ден до Нова Година и тоа, во работни денови од 13.00 до 22.00 часот, а за време на викендите од 10.00 до 22.00 часот. А секој ден ќе има можност за фотографирање во прекрасен новогодишен амбиент со вистински Дедо Мраз, при што во работни денови фотографирањето се организира од 14.00 до 22.00 часот, а во текот на викендите од 11.00 до 20.00 часот.
За целиот период од 11 декември до 11 јануари, во Дајмонд мол ќе има новогодишен базар со понуда на новогодишни пакетчиња, чоколади и слатки, вкусни топли напитоци, новогодишни украси и персонализирани предмети. Исто така, ќе биде достапно и магично празнично интерактивно искуство со специјални проекции што го пренесуваат гледачот во спектакуларни новогодишни сцени.